среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Февруари

   

МЦМС

Курсеви на МЦМС во месец март

Македонскиот центар за меѓународна соработка е организација на граѓанското општество што работи во областа на одржливиот развој, градењето на свеста и социјално–хуманитарната помош.

Трансферот на знаења и вештини преку обука и консултаци е основна компонента во сите програми на МЦМС уште од неговото формирање во 1993 година.

Во програмата Градење на капацитетите на граѓанските организации (ГКГ) во месец март, 2005 год., МЦМС ги организира следниве курсеви:

Обука                              време на                 краен рок                   цена на 
                                         одржување      за пријавување       обуката  (МКД)
 
Планирање проекти          16-18 март                   1 март                            9.000

Стратешко планирање     22-25 март                   4 март                          10.000
 
Административно              29-31 март                 10 март                            9.000
работење

Услови

- За сите курсеви патните трошоци  се на сметка на учесниците.
- За обуките можат да конкурираат членовите на граѓанските организации во Р. Македонија со можност за покривање на 90% од цената на курсот од страна на МЦМС.

Содржина на курсевите

Планирање проекти

Планирањето проекти е првиот чекор за успешен проект. Целно ориентираното проектно планирање е инструмент за планирање проекти каде што преку вклученост на сите заинтересирани страни за проблемот се овозможува подготовка на успешен проектен дизајн. Добро испланираниот проект овозможува и негово успешно спроведување.

Цели на курсот:
- Стекнување практични знаења и вештини за планирање проекти (логичка рамка);
- Примена на методот раководење со проектен циклус во редовната пракса на организациите.

По завршувањето на курсот планирање проекти, учесниците ќе стекнат знаења, вештини и ставови за:
примена на алатките за проектно планирање (дијаграм на проблеми и цели, логичка рамка);
значењето на раководењето со проектен циклус во организациите;
процесот на подготовка на проект.
Профил на учесници: активисти/ки директно вклучени во планирањето, координацијата и спроведувањето на проекти во организацијата


Стратешко планирање

Основна задача на раководителите и поискусните членови во организациите е да работат на развивање на сопствената организација, а со тоа да влијаат и на другите организации во секторот. Стратешкото планирање е основа за успешен развој на организацијата.

Цели на курсот:
- Стекнување практични знаења и вештини за изработка на стратешки планови во граѓанските организации;
- Развивање на свеста за организацијата и нејзините елементи, како и за нејзиното место во надворешното опкружување.

По завршувањето на курсот стратешко планирање, учесниците ќе стекнат знаења, вештини и ставови за:
·         примена на  алатките на организациска анализа (СВОТ-анализа, матрица за стратешка ориенација);
·         значењето на стратешкото планирање за успехот на организацијата;
·         процесот на изработка на стратешки планови.

Профил на учесници: членови/ки на раководството во граѓанските организации. За да се постигне поголем ефект од обуката, се препорачува заедничко пријавување на 4 кандидати/ки од иста организација.


Административно работење

Правниот систем во нашата држава со законски акти ја има регулирано заштитата на архивската граѓа, обврзувајќи ги  сите правни лица да вршат соодветно одбирање, средување и евидентирање на документацијата, како и создавање услови за нејзино чување и заштита.

Цели на курсот:

- Стекнување практична знаења и вештини за работење во канцеларија;
 - Успешно реализирање на основните административни дејности во организацијата.

По завршување на курсот за административно работење, учесниците ќе стекнат знаења и вештини за:
·         логистика во канцеларија, прием  и комуникација со странки;
·         писмена и усна коресподенција;
·         начинот на работа, правилата и техниките за постапување со документарниот материјал и архивската граѓа што се создаваат во текот на работењето на сите правни лица во Р. Македонија, согласно позитивните законски прописи;
·         категоризација и вреднување на актите кои се создаваат во текот на работењето;
·         евидентирање на актите во деловодник;
·         постапување со актите создадени во текот на работењето на организациите (одбирање на архивската граѓа од документарниот материјал и нивно евидентирање - попис и опис).

Профил на учесници: членови на граѓанските организации, чие основно задолжение во организацијата е поврзано со работа во канцеларија, администрирање, евидентирање и чување документи.


Пријавување:

- Обрасци за архивско работење (53К, зип формат)
- Обрасци за стратешко планирање (53К, зип формат)
- Обрасци за проектно планирање (53К, зип формат)



Обрасците за пријавување можат да се добијат и во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Лица за контакт:          Кренар Кука
                                       kkk@mcms.org.mk 
                                       02/3065-381



Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA