|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
ПДАС „Меѓаши„
Незадоволство од изречената пресуда
Реакција за изречената пресуда 15 години затвор за педофилот Трајче Петковски од Богомила, изречена од Основниот суд во Велес, за полов напад над ќерка и нејзина другарка, деца со психички пречки во развојот, како и семејно насилство и претепување на неговата сопруга.
Првата детска амбасада во светот „Меѓаши„ по повод вчерашната пресуда на Трајче Петковски за силување на две 12-годишни девојчиња со пречки во развојот со казна затвор од само 15 години, изрази револт и незадоволство за несразмерната казна за стореното свирепо дело изживување и силување на две малолетни деца. Од организацијата исто така бараат на Трајче Петковски да му се одземе вршењето на родителското право согласно Законот за семејство, член 90 и 91 каде е предвидено Центарот за социјални работи кога ќе дознае дека постои опасност од злоупотреба на родителското право или опасност за грубо занемарување на родителските должности, Центрите се должни веднаш да преземат мерки на заштита на детето.
„Воедно сметаме дека Јавниот обвинител треба да покрене постапка за преиспитување на оваа одлука на Основниот суд во Велес и да поднесе жалба на оваа судска одлука која гласи казна затвор од 15 години како мала за вакво свирепо и тешко кривично дело„, се вели понатаму во соопштението.
Првата детска амбасада во светот- Меѓаши досега повеќепати реагираше и бараше од судиите да ги осудуваат педофилите, силувачите на деца со максимална казна доживотен затвор, се додека државата не обезбеди услови кои ќе потврдуваат дека педофилите нама да го повторуваат делото.
„Сметаме дека педофилот Трајче Петковски ги исполнува сите услови за доживотен затвор согласно членот 188 од Кривичниот Закон каде се вели: (4)Ако поради делата од ставовите 1 и 2 настапила тешка телесна повреда, смрт или други тешки последици или делото е сторено од страна на повеќе лица или на особено суров или понижувачки начин, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор„, стои меѓу другото во соопштението.
Исто така, токму по повод овој случај Првата детска амбасада во светот Меѓаши реагираше со барање за доживотен затвор како казнена мерка, затоа што педофилите кои се во затвор за издржување казна за направено кривично дело злоупотреба на деца, не подлежат на сигурни долготрајни терапии. Адекватно на тоа, не постојат гаранции и мерки дека нема да го повторат делото. Напротив, праксата покажува дека и по издржаната казна, педофилите во најголем број случаи го повторуваат истото. Тие воедно апелираат до родителите, училиштата, граѓанските организации и медиумите да поведат повеќе внимание на превенцијата бидејќи секое дете може да биде потенцијална жртва и може многу лесно да западне во раце на злоставувачи. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|