|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Метаморфозис спроведе анкета за користење на пиратскиот софтвер
Дали државата треба да ги казни продавниците со пиратски софтвер
Дури 64% од јавноста смета дека продавниците кои тргуваат со пиратски софтвер не треба да бидат казнети со затворање
Центарот за информациски и комуникациски технологии „Метаморфозис“ ги објави резултатите од анкетата „Дали државата треба да ги казни со затворање продавниците со пиратски софтвер“, што ја спроведе во периодот од 16 февруари до 19 април 2004 година, на својот веб-сајт www.metamorphosis.org.mk.
На прашањето од анкетата одговориле вкупно 773 посетители на веб-сајтот, од кои 493 посетители или 64 отсто одговориле дека не треба да се казнат, 237 или 31 отсто одговориле дека треба да се казнат, 28 посетители или 4 отсто дека не се одлучни за одговорот, а 15 посетители или 2 отсто дека не знаат како да одговорат.
Според тоа, впечатливо е тоа што дури 64% од јавноста смета дека продавниците кои тргуваат со пиратски софтвер не треба да бидат казнети со затворање.
(Графички приказ на резултатите од анкетата):
Метаморфозис објави и дел од коментарите на посетителите кои ги оставиле на веб-сајтот и каде што тие ви се достапни во целост:
- „Знаеме дека би било најлогично да се плаќа вистинската цена за еден софтвер, меѓутоа, каква што е економската ситуација во Македонија и колкав е степенот на сиромаштија, вистински успех за луѓето е и купување копија“ – Милан од Торонто;
- ...„Ако софтверот Виндоуз би се продавал за 25 до 30 долари, јас би го купил, но ако е 160 до 250 долари за Виндоуз и 180 до 250 долари за Офис е премногу за Македонија со своите плати“ – Емил од Скопје;
- „Сметам дека за да издвојам 15 евра за едно це-де од мојата просечна плата од 150 евра, од која треба и три деца да исхранам и да образувам, е премногу, па затоа ќе се задоволам со копии, само за да бидеме како семејство едуцирани со сето она што е ново“ – Елизабета Тевдоска, Скопје.
Новата анкета на веб-сајтот на „Метаморфорфозис“ го поставува прашањето: Кој треба да го контролира квалитетот на преводот на Виндоуз на македонски јазик?
Д.М. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|