|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Започна НВО Саемот - 6 Форум на граѓанското општество во Македонија
Еднакви можности за сите
Годинава на НВО Саемот своите активности ќе ги презентираат 128 граѓански организации, цркви и верски заедници, владини и меѓувладини организации. Фокус-земја на годинешниот НВО Саем е Република Бугарија.
“Еднакви можности за сите”, ова е носечката тема на годинешниот шести Форум на граѓанското општество, кој денеска се отвори на Скопскиот Саем. Фокус земја е Република Бугарија. За прв пат годинава Македонскиот центар за меѓународна соработка го организира НВО Саемот како дел од програмата за работа на Граѓанската платформа на Македонија.
„Различни, а еднакви не е само моментален тренд, туку историски предизвик на човечката цивилизација“, рече во своето обраќање Сашо Клековски, извршен директор на МЦМС. „Плурална (разнолична) Македонија направи повеќе чекори за еднаквите можности како што е Охридскиот рамковен договор. Време е за „нов Рамковен договор за сите“: еднакви можности и недискриминација за сите. Време е за интеграција на различните борби и движења за еднаквост по било која основа во пошироко движење за еднакви можности на сите и недискриминација. Со тоа ќе дадеме клучен придонес во зацврснување на граѓанско-либералните вредности и на зацврснување на Македонија како држава на сите граѓани“, рече Клековски. „Потребно е да ги јакнеме постоечките институции за заштита од дискриминација како Народниот паравобранител и судството. Потребно е ново национално тело/комисија за човекови права (или еднаквост или антидискриминација). Во Европската година за еднакви можности за сите, исто така, мораме да побараме еднаквост за Македонија. Спорот со Грција, не само што не може да биде мултилатерален, туку не може да биде ниту билатерален спор. Бидејќи не може да биде спор правото на самоопределување и слобода, правото на своја култура и идентитет. Само еднакви можеме да бидеме членови на Европската унија (и НАТО)“, додаде Клековски.
Во името на Бугарската национална платформа за развојни организации и учесниците од Бугарија, зборуваше Ивона Кожухарова. „Ние од граѓанскиот сектор треба да ја играме улогата на амбасадори за подобри односи меѓу нашите земји“, рече таа.
Ерван Фуере, специјалниот претставник на Европската Унија и шеф на Делегацијата на Европската комисија рече дека не може да имаме добри политики и добри одлуки без консултации и без потполно учество на тие врз кои овие одлуки ќе влијаат. „Од суштинско значење е да се зајакне развојот на моделот за учество на граѓанското општество како предуслов за демократскиот и социо-економскиот развој на општеството“, рече Фуере.
„Граѓанскиот сектор е совеста на едно граѓанско општество“, рече во своето обраќање претседателот Бранко Црвенковски. „Невладиниот сектор организиран од невладините организации е предуслов за создавање вистински силен и ефикасен граѓански систем. Извесноста на овој сектор треба да ја бараме во решавањето на неговата одржливост“, додаде претседателот на свеченото отворање на НВО Саемот.
Веднаш по свеченото отворање на НВО Саемот – 6 Форум на граѓанското општество во Македонија, гостите ги посетија штандовите граѓанските организаци.
Годинава на НВО Саемот своите активности ќе ги презентираат 128 граѓански организации, цркви и верски заедници, владини и меѓувладини организации, меѓу кои и десет организации од Бугарија.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|