|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Кажи Македонија Забава во парк (фото-галерија 1)На 28 март 2004 година, во склоп на кампањата „Кажи Македонија“ во Градскиот парк во Скопје се одржа собир на кој МРТВ организираше концерт со учество на бројни музички и медиумски ѕвезди, пренесуван во живо. | |
Кажи Македонија Забава во парк (фото-галерија 2)Уште фотографии кои пренесуваат дел од атмосферата од журката во Градскиот парк, особено околу штандовите за потпишување на петицијата и испраќање на разгледници. | |
Мобимак Кажи Македонија преку СМС-поракиМобимак во склоп на кампањата „Кажи Македонија“ има отворено посебен телефонски број 070 142 520 (++389 70 142 520 за корисници од странство) на кој граѓаните може да праќаат пораки. | |
Во рамките на проектот „Инфраструктура на резерватот Езерани на Преспанското Езеро“ Куќичка за набљудување на птицитеВо Европа не постои орнитолошки резерват без куќички за набљудување на птиците, а таков до вчера беше нашиот Езерани | |
Кажи Македонија продолжува Најава за концерт во Градскиот парк во неделаКампањата Кажи Македонија продолжува со настан во Градскиот парк во Скопје во недела, 28 март, од 11 до 15 часот. МРТВ организира концерт со настап на повеќе познати естрадни уметници. | |
За првпат во Македонија Ромски економски форумНа Форумот се разгледуваат теми - владината и меѓународната програма за Ромите во Македонија, развој на малите и средните претпријатија и можностите за вработување на Ромите во Македонија, економските можности за ромските жени во Македонија и сл. | |
Во организација на Мировна акција, Прилеп и Мултикултура, Тетово Тренинг за ненасилна разработка на конфликтиВо организација на Мировна акција од Прилеп и Мултикултура од Тетово, во соработка со Акција против насилство и изградба на мир, Гњилане, Косово, и Центарот за ненасилна акција од Сараево, БиХ, од 24 до 30 април во Охрид, ќе се одржи тренинг за ненасилна разработка на конфликти за млади активисти и поединци од Р. Македонија. | |
Кампањата „Кажи Македонија“ на Градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје Граѓаните испраќаат протести до СтразбурКампањата продолжува и во наредните денови. До петок, 26 март, од 11 до 14 часот повторно пред Градскиот трговски центар во Скопје, ќе се продолжи со јавното испраќање разгледниците и јавното потпишување на протестното писмо. | |
МЦМС
Кажи Македонија - картичкиМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) отпечати 200.000 картички за кампањата „Кажи Македонија“. Дел од нив на 20 март 2004 година бесплатно ги дистрибуираа весниците Дневник, Утрински весник и Вест како нивен придонес во оваа граѓанска иницијатива. | |
Продолжува кампањата „Кажи Македонија“
Јавно испраќање честитки Јавно испраќање честиткиКампањата продолжува утре од 11 до 14 часот, кога пред Градскиот трговски центар, влезот кон плоштадот Македонија, ќе организираат јавно испраќање разгледниците и потпишување на протестното писмо составено од Институтот Евро Балкан. | |
Реакција на повеќе граѓански организации, дневни весници и установи на уредбата на Советот на Европа Кажи МАКЕДОНИЈАОвие референци директно ги напаѓаат идентитетот, традицијата и културата на македонската нација, што е во спротивност со меѓународните стандарди и принципи. | |
Иницијатива на група граѓански организации Основана Граѓанската платформа на МакедонијаНа 16 март 2004 година во Скопје се основа Граѓанската платформа на Македонија. Граѓанската платформа на Македонија е иницирана од група граѓански организации посветени на градење на граѓанското општество во Република Македонија. Идејата за основање на платформата е поврзување на граѓанските организации во демократска расправа на идеи, формулација на предлози, слободна размена на искуства и меѓусебно поврзување за делотворна акција насочена кон постигнување видливи резултати во општеството. | |
Чествување на граѓанските организации во спомен на претседателот Борис Трајковски Вечен помен за ПретседателотПретседателот Борис Трајковски несебично се залагаше за развој на граѓанското општество, а и самиот членуваше во Здружението на граѓаните „Мајка Тереза“ | |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|