среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Март

   

Во организација на Мировна акција, Прилеп и Мултикултура, Тетово

Тренинг за ненасилна разработка на конфликти

Во организација на Мировна акција од Прилеп и Мултикултура од Тетово, во соработка со Акција против насилство и изградба на мир, Гњилане, Косово, и Центарот за ненасилна акција од Сараево, БиХ, од 24 до 30 април во Охрид, ќе се одржи тренинг за ненасилна разработка на конфликти за млади активисти и поединци од Р. Македонија.

Повикот на организаторот за учество на семинарот се однесува за сите заинтересирани млади поединци и активисти на граѓански организации за работа на полето на изградба на мирот, ненасилството и ненасилното разрешување конфликти.

Тренингот има за цел кај учесниците да развие вештини, способности и знаења неопходни за подобро разбирање и препознавање на насилството во општеството и принципите на ненасилство, да ги зајакне за активно вклучување во општествените случувања, за идната работа на полето на изградба на мирот.
Темите коишто ќе се обработуваат на семинарот се тимска работа, перцепција, предрасуди, дискриминација, насилство, ненасилство, идентитет и национален идентитет, судир и др. Тие ќе се обработуваат на работилници коишто ќе се состојат од искуствени вежби, размена на мислења, пленумски дискусии, работа во мали групи, како и поединечни презентации.

Групата ќе брои 20 учесници од Република Македонија, а краен рок за пристигнување на пополнетите прашалници е 31 март 2004 г.
За резултатите, сите што аплицирале, ќе бидат известени на 6 или на 7 април 2004 г.

Патните трошоци, сместувањето и исхраната се на товар на организаторот на семинарот.

Прашалникот можете да го најдете на е-маил: тренинг_охЖмт.нет.мк, или на факсовите 048/401-888; 046/335-448.

Обучувачи ќе бидат Агрон Бафтијари од Мултикултура, Тетово, Горан Талески од Мировна Акција, Прилеп, Газменд Мурсели од Акција против насилство и изградба на мир, Гњилане, Косово, и Тамара Шмидлинг од Центарот за ненасилна акција од Сараево, БиХ.

За дополнителни информации можете да се обратите кај Горан Талески на 070/308-251 или Агрон Бафтијари на 070/630-180.


Накратко за организаторите

Мултикултура, Тетово

Мултикултура е невладина и непрофитна организација чија цел е да им помогне на младите луѓе од различни етнички групи да соработуваат и да немаат национални предрасуди.

Работат на афирмација на меѓуетничката соработка и толеранција во Р. Македонија, промоција на човековите права, напредок во меѓуетничките односи, промоција на демократијата и цивилното општество, како и давање помош преку консултации и технички средства на помалку искусните организации.

Можете да н’е посетите на www.multikultura.org.mk.

Мировна акција, Прилеп

Мировна акција е невладина и непрофитна организација, основана во 2002 година. Од самите свои почетоци работи на промоција на мирот со посебен акцент на приговорот на совеста.

Досегашните активности им биле насочени кон признавање на правото на приговор на совеста, а потоа кон промоција на истото преку одржување информативна линија и советувалиште за приговарачи на совеста, одржување јавни собири, дистрибуција на пропагандни материјали и сл. Во последно време работат на подобрување на статусот на приговарачите на совест во установите каде што работатат, како и на создавање информативни пунктови за ПС низ Р. Македонија.

Акција против насилство и за изградба на мир – АНП, Гњилане, Косово

АНП-Гњилане е невладина, непрофитна, мултиетничка организација која е регистрирана во Гњилане во 2002 година.

Целите на АНП се: изградба на мирот, развиток на демократските процеси и граѓанското општество, заштита на човековите права, работа на освестување на граѓаните за прифаќање и уважување на различностите.

Целите ги реализираат преку организирање тренинзи за меѓуетничка толеранција, трибини за човековите права, како и културно-спортски активности.

Центар за ненасилна акција, Сараево и Белград, БиХ и СЦГ

ЦНА е невладина и непрофитна организација чии основни цели се изградба на мирот, развој на граѓанското друштво, регионална соработка и поврзување и промоција на ненасилството.

Наша основна активност е организирање тренинзи (семинари) од ненасилна разработка на конфликти и поддршка на групи и поединци кои сакаат да работат на изградба на мирот, како и организирање активности на полето на соочување со минатото. Преку тренинзите од ненасилна разработка на конфликти имаме за цел развој на политичката свест на учесниците и ширење на вештините на ненасилно разрешување на конфликтите.

Канцеларијата во Сараево постои од 1997 година, додека канцеларијата во Белград е отворена во летото 2001 година.

Повеќе информации за нас на нашата веб-страница: www.nenasilje.org.

 

 


 


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA