|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Бесплатна обука за партиципативно буџетирањеМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во рамките на програмата „Добро управување во Македонија“ ќе организира обука за партиципативно буџетирање. Обуката ќе се одржи во Скопје од 26 до 28 мај 2010 година. | |
Коалиција СЕГА Потпишан меморандум за соработкаНа 13 јануари оваа година, министерот за Образование и наука на Република Македонија, Перо Стојановски и Зоран Илиески, Извршен директор на Коалиција на младински организации СЕГА, потпишаа Меморандум за соработка за проектот „Поттикнување на младинското учество во политичките процеси – едукација на Млади Гласачи“. Коaлицијата СЕГА од октомври минатата година го започна спроведувањето на проектот “Поттикнување на младинското учество во политичките процеси – ЕДУКАЦИЈА НА МЛАДИ ГЛАСАЧИ“ финансиран од Националниот Фонд за Демократија од Соединетите Американски Држави (National Endowment for Democracy -NED). | |
Влада на Република Македонија Донесена одлуката за финансирање на здруженијата на граѓани и фондацииДеновиве, Владата на Република Македонија донесе одлука за распределба на средствата од Буџетот на Република Македонија за 2008 година, наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата на граѓани и фондации. Вкупниот буџет за финансирање на овие активности изнесува 15 милиони денари | |
Здружението на граѓани уметници "Уметнички ракотворби" ДЕНОВИ НА ТИКВАТА„Денови на тиквата“ е граѓански проект насочен кон промовирање на македонското културно наследство и туристичките понуди на Град Скопје преку актуализирање на животот низ заживување на традицијата. Целта е да се презентира есенска храна - по повод светскиот денот на храната, со негување на стари традиционални македонски јадења, интересен за домашната јавност, но и за потенцијалните странски туристи. Проектот го спроведува Здружението на граѓани уметници "Уметнички ракотворби" од Скопје | |
Оглас МЦМС бара ко-модератор за БитолаКо-модераторот ќе биде ангажиран за спроведување на програмата „Форуми во заедниците“ во општина Битола. Ангажманот е за период од 8 месеци. Пријавувањето е до 17 октомври 2008 година | |
| Оглас МЦМС бара ко-модератор за РесенКо-модераторот ќе биде ангажиран за спроведување на програмата „Форуми во заедниците“ во општина Ресен. Ангажманот е за период од 8 месеци. Пријавувањето е до 17 октомври 2008 година | |
|
Најава: Кампања „Слобода наместо страв“11 октомври, 2008 г. - Меѓународен ден на дејствување за демократија, слободен говор, човекови права, граѓански слободи; против цензура, масовен надзор, масовно задржување на податоци | |
ПДАС „Меѓаши„ Незадоволство од изречената пресудаРеакција за изречената пресуда 15 години затвор за педофилот Трајче Петковски од Богомила, изречена од Основниот суд во Велес, за полов напад над ќерка и нејзина другарка, деца со психички пречки во развојот, како и семејно насилство и претепување на неговата сопруга | |
Напредна обука за недискриминацијаМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ќе организира напредна обука за недискриминација. Обуката ќе се одржи во Скопје од 14 до 16 октомври 2008 година.
| |
Пријавете се на работилницие за ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ НА НВО ДО СРЕДСТВАТА ОД ДРЖАВНИОТ БУЏЕТОдделението за соработка со невладините организации при Генералниот секретаријат на Владата на Републкика Македонија објавува јавен повик за пријавување на учество на работилници на тема: Зајакнување на пристапот на невладините организации до средствата од државниот буџет. Ќе бидат одржани седум работилници во шест градови во Македонија. | |
ОЖ Свети Николе Македонски ментори во СловенијаПреставници на Организацијата на жените на општина Свети Николе, Локалната самоуправа и наставен кадар од основните и средното училиште од Свети Николе, во периодот од 21-24 Август 2008, учествуваа на обука за ментори во организација на Словенска филантропија од Љубљана. | |
МЦМС Унапредете го вашето знаење и вештиниМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) обезбедува образование на возрасни и ви нуди можност да го надградите вашето формално образование, да стекнете дополнителни знаења, квалификации и вештини, да го зголемите вашиот потенцијал за развој на кариерата и да ја зголемите вашата вредност на пазарот на трудот. | |
ПДАС „Меѓаши“ Децата ќе стекнуваат вештини и знаења за изведба на циркусЛетните работилници ќе се одржуваат од 28 јули до 1 август во дворот на „Меѓаши“. Работилниците ќе ги водат волонтери од циркуската школа на Националниот центар за циркуска уметност од Франција. Работилниците се без надомест. Право на учество и набљудување на Циркусот имаа сите деца на возраст од 5 до 16 години и нивните родители како публика | |
Меѓународен волонтерски проект Камп за помош на децата во АлбанијаПотребни се шест странски волонтери кои имаат искуство во работа со деца и уметнички вештини. Edhe une Dhuroj Buzeqeshje ( И јас подарувам насмевка) во соработка со International Volunteer Projects (Меѓународниот волонтерски проект), организираат камп за помош на децата од регионот што беше погоден со експлозијата во Албанија | |
Повик Мали грантови за образовни иницијативи за човекови праваКанцеларијата на Високиот комесар за човекови права и УНДП објавуваат повик за проектот „Помагајќи им на заедниците заедно“. Со проектот се обезбедуваат мали грантови за граѓански организации. Активностите треба да бидат за образовни иницијативи за човекови права. Со проектот ќе се доделат шест грантови од по 5,000 евра. Периодот на спроведување треба да биде октомври 2008 – јуни 2009 година. Крајниот рок за пријавување е 31 август 2008 година. | |
| Здружение на уметници ракотворци „Македонски ракотворби„ - Битола Допрете ја душата на МакедонијаЗдружението на уметници ракотворци „Македонски ракотворби“ од Битола, во чест на македонскиот празник Илинден, ја организира третата по ред републичка манифестација “Допрете ја душата на Македонија“ | |
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
| |
Кампањата “Учиме за ЕУ” Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. | |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. | |
Катерина Хаџи-Мицева Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот | |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка | |
Донација Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило | |
Проект на Биосфера од Битола Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола | |
|
|